Караџиќ може да се спаси од доживотен затвор?
Поранешниот лидер на босанските Срби и поранешен претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кого Хашкиот Трибунал го осуди на доживотен затвор за злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војување во Босна и Херцеговина, поднесе жалба.
Се наведува дека казната не била доволно образложена и дека не се зела во предвид праксата на Југославија во минатото.
„Грешката е направена со доживотната казна од 40. години затвор која ја надминува казната која е дозволена според законот на Механизмот на меѓународниот Кривичен Суд“, стои во соопштението.
Во соопштението на одбраната се наведува дека треба да се врати повторно процесот.
Караџиќ (73) беше прогласен за виновен за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Тој е прогласен за одговорен за масакрот на над 8.000 Бошњаци во Сребреница, за злосторства против човештвото, убиства и тортура, како и за кршење на воениот закон при опсадата на Сараево.
За време на војната БиХ беа убиени околу 100.000 луѓе.
Караџиќ беше уапсен во Белград на 21 јули 2008 година, а девет дена подоцна беше екстрадиран во Хаг. Тој долги години се криеше во Србија под лажен идентитет Драган Дабиќ, доктор по алтернативна медицина.
По пресудата за доживотен затвор имаше бројни реакции. Бошњаите реагираа дека тој треба да заврши на губриштето на историјата, а не да се слави како херој. Од Република Српска властите се огласија тогаш дека пресудата била очекувана, со оглед на тоа што претходно се случувало.