Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kанти со боја, спрејoви, водени пиштоли одземени од возилото на „Шарена револуција“

Kанти со боја, спрејoви, водени пиштоли одземени од возилото на „Шарена револуција“

Н.П.(47) од Скопје, кој управувал возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки синоќа околу 20.15 часот е приведен на крстосница од улиците „Кочо Рацин“ и „11-ти Октомври“.

Тој е однесен во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување туѓи предмети“. При преглед во возилото се пронајдени и одземени три канти со дисперзиона боја од пет литри, две канти со кафена боја од три литри, девет канти со боја од литар, 11 спрејови во разни бои, две ваљака за фарбање поголем број на водени пиштоли, две импровизирани направи составени од пластични цедилки и гумени ластици (катапулти) како и други предмети. Со него е извршен разговор во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ по што  е пуштен на слобода. По целосно расчистување и документирање на настанот против Н.П. ќе биде доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Скопјe.

Слично

Поврзани вести