Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кандидатскиот статус на Македонија за влез во ЕУ под знак прашалник!

Кандидатскиот статус на Македонија за влез во ЕУ под знак прашалник!

Европската комисија го замрзна претпристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, а сѐ поголем број европски и домашни претставици сметаат дека во прашање е и препораката за почеток на преговори со Европската унија, па дури и кандидатскиот статус, пишува БИРН.

Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) меѓу Македонија и Европската комисија е ставен во мирување поради полтичката криза, потврдуваат за БИРН извори од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Ова е веќе втор прекин на високиот дијалог поради внатрешнополитички проблеми во Македонија, откако веќе еднаш беше замрзнат поради случувањата околу 24 декември. Тогаш Европската комисија укажа дека Македонија мора да ги усвои препораките од политичкиот договор од 1 март за да може Европската комисија да го поддржи реформскиот процес преку ХЛАД.

„Дијалогот е стопиран веќе еден месец и се очекува да продолжи откако ќе се најде решение за политичката криза“, велат извори од канцеларијата на ЕУ во Скопје кои побараа да останат анонимни. И дипломатски извори од МНР потврдуваат дека дијалогот што го става фокусот на клучните реформски приоритети кон ЕУ е прекинат.

(Извор:БИРН)

Слично

Поврзани вести