Кандидатски листи за локалните избори ќе се поднесуваат до 8-ми март
Опозицијата денеска се врати во Собранието, кое го напушти по инцидентите на 24 декември. Притоа, во рамките на денечната седница, со 84 гласови за и само еден против пратениците ги поддржаа измените во Изборниот законик со кои на опозицијата и се овозможи да ги достави кандидатските листи за учество на локалните избори до 8 март.
Сепак гласањето се одвиваше во сенка на немирите кои се случуваа низ Скопје. Пред гласањето, пратеничка група на ДПА ја напушти седницата со образложение дека не им била дозволена итна седница за инцидентите во Скопје. Немирите се случија откако група подржувачи на Талат Џафери, новиот министер за одбрана денеска излезе на мирен протест кој подоцна продолжи со безредија низ улиците и низа сериозни инциденти.
Слично
