Кандидатот во Ресен сака да се повлече од изборната трка поради притисоци?!
Еден од кандидатите за градоначалник на општина Ресен поднесе приговор до ДИК, МВР и ОБСЕ за насилни притисоци врз гласачите, како и жители од Мала Преспа со автобуси на кои им се делат прехрамбени продукти за да гласаат, објави весникот Вест.
Тој најави дека ако продолжат ваквите притисоци планира да се повлече од изборната трка уште пред да заврши гласањето.
Во приговорот од страна на кандидатот пишува дека „на подрачјето на општина Ресен, присутна е група на лица облечени во цивил кои се претставуваат како припадници на специјална единица Алфи, при тоа покажувајќи значки, ознаки на таа единица. Овие лица се закануваат на гласачите, ги отстрануваат набљудувачите од местата определени за гласање. Се надеваме дека во интерес на демократијата, слободните и фер избори, ќе се преземат мерки за гасачите да можат да го остварат своето гласачко право. Информираме дека на жители од Мала Преспа, Република Албанија кои се носат со автобуси и комбиња во просториите на транспортното претпријатие, се врши делење на малсо, брашно, копани , прехрамбени производи со цел да гласаат за еден од кандидатите“, пишува Вест.
Наспроти ова, од Општинската изборна комисија велат дека нема приговори, туку само неосновани реакции.
Слично
