Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кандидатите за претседател ќе ги обезбедуваат телохранители од МВР

Кандидатите за претседател ќе ги обезбедуваат телохранители од МВР
Од понеделник сите кандидати за претстојните претседателски избори ќе добијат 24 часовно полициско обезбедување, како што тоа го налага законот. Актуелниот претседател Ѓорге Иванов веќе има обезбедување кое следува со функцијата која ја извршува, додека за останатите кандидати ќе бидат назначени лица од Шестата полициска управа со стартот на предизборната кампања. „На кандидатите им следува лично обезбедување и преку луѓето кои ќе бидат определени да сораборуваат со нив нивните тимови ќе имаат соработка со сите надлежни полициски станици каде ќе се одвиваат нивните активности“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. МВР ги финализира подготовките за претстојните избори, кои ќе бидат двојни - и претседателски и парламентарни. „Нашите очекувања се дека ќе нема потреба од вонредни обезбедувања или дополнителни ангажмани. Во рамки на редовното работење ќе можеме да одговориме на сите задачи кои стојат пред нас во кампањата за претседателските избори“, додаде Јанкуловска.
Слично

Поврзани вести