КАНЧЕСКА-ШИЛЕГОВ: Судењето одложено, судијката е на советување
Судското рочиште во спорот за клевета што министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го покрена против портпаролот на СДСМ Петре Шилегов е одложено.
Причина е отсуство на судијката, која имала „неодложни професинални обврски“. Имено, според информацијата на судот, таа морала задолжително да присуствува на советување организирано од Академијата на судии и јавни обвинители на тема „слободата на изразување и правото на приватен живот - пракса на Европскиот суд за човекови права“.
Присуството на судиите на ова судење било задолжително, а интересно е што темата на обуката го опфаќа токму делот што се однесува на судските процеси за клевета и навреда.
Претходното рочиште во овој судски процес беше исто така одложено поради здравствени причини на судијката. Канческа-Милевска и Шилегов ќе се видат во суд најверојатно следната година, затоа што новото рочиште е закажано за 21 јануари 2015 година.
Слично
