Канческа Милеска: Шпекулации се најавите за моја оставка
Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, негира дека деновиве ќе поднесе оставка од фукцијата, информација што деновиве се лиферува во јавноста.
Канческа Милеска, вели дека информациите за нејзината оставка се целосна невистина и шпекулации. „Целосно сум посветена на реализацијата на програмата и проектите во Министерството за култура. Максимално работиме заедно со мојот тим, со полн капацитет во исполнување на сето она што сме го ветиле кон граѓаните,“ ни посочи Милеска.
Информациите дека Канческа Милеска е следна на листата за оставки се појавија деновиве откако министерот за финансии Зоран Ставрески си поднесе оставка, која ја образложи со лични здравствени причини.
Веднаш по оваа оставка на Ставрески следуваа неофицилајни информации дека се очекува уште двајца други министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки.
