Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канческа-Милеска на Фејсбук згрозена од валкањето на името на Тоше!

Канческа-Милеска на Фејсбук згрозена од валкањето на името на Тоше!

Од објавената снимка на трибината на СДСМ, можеше да се слушне како наводно, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и вели на министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска, да се укине паричната поддршка за семејството на починатиот пејач, Тоше Проески, бидејќи биле против ВМРО-ДМНЕ.

„Секој месец им даваме по 3.000 евра, а тие против нас. Да ја избркаме оваа од работа и да го затвориме музејот“ – вели во снимката машки глас, за кој од СДСМ тврдат дека е Јанакиески.

mileska na fb

Како реакција на тоа министерката се огласи со реакција на социјалната мрежа Фејсбук каде напиша:

„Како жена, сопруга и мајка, и како искрен почитувач на делото на Тоше Проески сум згрозена и длабоко загрижена од обидот за политизација и валкање на неговото име и неговата фамилија.

Јас, и како човек, и како министер, во многу наврати, со конкретни дела и постапки имам демонстрирано исклучителна висока почит и конкретна поддршка за семејството на Тоше Проески, без притоа да се обидувам да градам политички поени како што тоа го прави СДСМ денес, плукајќи и сеејќи омраза.

Тоше тоа не го заслужува. Тој сите нас не научи на многу повеќе од тоа“, напиша министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска.

Слично

Поврзани вести