Канал 77: Агенцијата се обидува да спречи отварање на независна телевизија
Покренувањето на иницијатива на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, што би довело до одземање на дозволата на Канал 77 е направено со цел да се спречат плановите за отворање на нова независна телевизија, сметаат од Канал 77.
ГБЦ Комуникации, основачот на Канал 77 во јуни оваа година поднел барање за распишување на конкурс за национална телевизија до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Но, по неколку дена, Агенцијата покренала иницијатиа за медиумска концентрација на ТРД Радио Канал 77.
Од Радио Канал 77 сметаат дека на овој начин Агенцијата се обидува да го успори процесот и да купи време.
,,Дополнително влијае и големиот интерес на про-владините телевизии да останат сами во етерот во страв од вистинска конкуренција на независна телевизија со вклучен странски инвеститор. " - велат од Канал 77.
Тие сметаат дека иницијативата за медиумска концентрација што ја покренува Агенцијата, е без никаква правна основа и без правилно правно толкување .
,,Вршење притисок врз медиумот и „вежбањето” држава и власт врз Радио Канал 77 ги надминува сите граници на хумано и демократско однесување" -се вели во соопштението.
Слично
