Канал 5: Две вицегувернерки во Народна банка работат со истечен мандат
Канал 5 објави дека на две вицегувернерки на Народна банка им истекол мандатот уште во октомври, и иако до декември Законот за НБРМ остава простор да се пополнат местата, поминале уште речиси три месеци пред гуврнерот Трајко Славески да достави предлози до Собрание, и тоа дури по дописот на телевизијата. Вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска останале на позициите со истечен мандат.
Адвокатот Петре Шилегов смета дека Законот за НБРМ е јасен и пробивањето на роковите носи опасност од носење нелегитимни одлуки и потенцијални кривични дела Вели дека големи се шансите одлуките донесени во вакви услови да паднат на суд доколку бидат оспорени
- Не ја знам содржината на одлуките што Советот во меѓувреме ги носел периодов после два месеца откако е завршен мандатот, а може да се соочи со тоа дека одлуките на Советот некој може да ги спори и тие дефинитивно има сериозен основ да паднат на суд по основ на тоа што се донесени од страна на нелегитимен орган, значи не можете вие без мандат да носите одлука којашто припаѓа согласно надлежностите во мандат, вели Шилегов.
Иако јавниот оглас за избор на нови вицегувернери беше навреме објавен на почетокот на месец јули 2025 година, веднаш по доаѓањето на функција на сегашниот гувернер Славески – и натаму останува непознато зошто Славески не направил избор во рокот предвиден во огласот од 45 дена, со што се поставува прашањето дали највисокото тело на Централаната банка веќе три месеци носи нелегитимни и нелегални одлуки за монтераната политика
