Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канаѓаните имаат проблеми со златните рудници и во Грција

Канаѓаните имаат проблеми со златните рудници и во Грција

Канадската корпорација за рударство која во Грција оперира под името „Елдорадо Голд“ и се закани на грчката влада дека ќе ги сопре инвестициските активности бидејќи доцнат издавањата на концесии за истражување и експлоатација на нови рудни капацитети. 

Елдорадо веќе управува со неколку рудници на северот на Грција, но се соочува со голем отпор кај локалното население и невладините еколошки организации кои стравуваат од негативните последици врз животната средина.

„Оваа одлука не е ја носиме лесно“, посочи генералниот извршен директор на Елдорадо Голд Џорџ Брнс, на прес конференција во Атина.

Тие ќе продолжат со одржување и обезбедување на трите рудници на Халкидики, но нема да ги реализираат предвидените инвестиции доколку власта не го смени односот и не почне да ги почитува договорите. 

Рокот истекува на 21 септември по што Елдорадо Голд кој веќе вложил 3 милијарди долари во земјата повеќе нема да може легално да оперира, а можно е и да поведе судска постапка против Грција.

Во Македонија исто така се разви силен локален отпор против отворање на рудници за злато од странски компании и се одржаа повеќе општински референдуми.

Слично

Поврзани вести