Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канада повикува,10 долари за плац

Канада повикува,10 долари за плац
Десет долари чини еден плац во канадското гратче Рестон во Манитоба, вака властите на овој град  одлучија да привлекуваат семејства и бизнис во местото. Оваа поволната продажба во малиот град  која е во близина на американската држава Северна Дакота, започнала во 2010. Во градот со 550 жители се нудат уште десет парцели. - Голем интерес има и кај Американците и кај Канаѓаните, вели Танис Челмерс од администрацијата на Пајпстон, област под која потпаѓа Рестон. Неодоливата понуда е: заинтересираниот купувач за земјиштето плаќа залог од илјада долари. Во рок од 90 дена мора да почне да гради, а за една година да заврши со градбата. Во моментот кога градежната инспекција ќе ја провери и завери градбата, Рестон на новиот сограѓанин му враќа 990 долари. Рестон сака да привлече и мали стопанственици кои во градот.  Најголемиот дел од приходите на таа област која лежи на централната канадска желеница Пацифик Реилвеј се од нафтената индустрија и земјоделството.  
Слично

Поврзани вести