КАНАДА ГИ УКИНУВА ВИЗИТЕ: Ако имате бугарски пасош од догодина ќе патувате без виза!
Aко имате бугарски пасош од догодина без виза ќе може да патувате во Канада .
На крајот на 2017 година Канада ќе ги укине визите за Бугарија и Романија . Оваа информација во јавноста ја пласираше претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој по самитот во Брисел откако беше потпишан трговскиот договор СЕТА.
„Ја поздравувам одлуката на Канада да ги укине визите за сите бугарски и романски државјани во крајот на 2017 година“, истакна полскиот политичар.
Како најлесно до живеалиште во Канада?
Канада одлучи да им пружи шанса на сите оние кои бараат работа во странство и на Фејсбук страницата „Живејте во Канада“, објави дека провинцијата Саскатчеван бара работници за 21 работно место.
Канадската провинција Саскатчеван од 4 октомври 2016 година прифаќа 500 нови аплицкации за имиграција преку програмата која бара работници од одредени занимања, на кои поткатегорија им е имигрантската порограма на оваа провинција.
Оваа програма им нуди на образованите луѓе шанса работејќи во оваа провинција да можат подоцна да аплицираат за останување во Канада, како и да добијат државјанство.
Луѓето кои ќе се пријават не треба да имаат работа за да може да аплицираат.
Меѓутоа, мора да имаат искуство во кои од занимањата кои оваа провинција ги бара.
Во моментов најбарани 21 занимања се: математичари, компјутерски и менаџери за информациони системи, механичари, аналитичари на информациони системи и консултанти, луѓе кои се занимаваат со градинарство и хортикултура, фитнес инструктори, метеоролози, електричари, авиомеханичари и слично.
Ако се пронајдовте и сметате дека ова е вистинска шанса за вас апликацијата пополнете ја овде!
Како да најдете работа во една од најбогатите земји - Канада? Читајте овде!
