Кампот во Идомени ќе се евакуира за три дена?
Грција се подготвува да го отстрани кампот во Идомени и да ги повлече мигрантите оттаму.
Полициските екипи веќе добиле ваква задача. Во кампот престојуваат повеќе од 10.000 бегалци. Предвидено е евакуацијата да се направи за три дена. Бегалците ќе бидат испратени во местата за сместување околу градот Солун. Таму тие ќе можат да се поврзат со организации кои се занимаваат со проблемите на бегалците, а исто така и да побараат медицинска помош. Во меѓувреме либиската крајбрежна стража запре седум гумени чамци со 850 илегални мигранти, меѓу нив 11 деца и 79 жени, кои се обидувале да стигнат до Европа по море, пренесе Франс прес.
Слично
