КАМПИНГ ПОЛИТИКА: Деца што ги научија игрите на возрасните!
И на вториот ден од празниците средношколците остануваат под ведро небо во паркот пред Министерството за образование. Велат продолжуваат со кампирањето. Тие се разочарани од реакциите на надлежните кои и покрај нивните аргументирани ставови не ја сватиле доволно сериозно нивната битка. Според Средношколскиот пленум во моментов матурантите ја жртвуваат сопствената иднина за да го подобрат образованието, го жртвуваат сопственото спокојство за добробитот на сите сегашни и идни средношколци. Наместо во училишните клупи и во своите топли домови, деновите и студените ноќи средношколците скоро една недела ги минуваат во шатори.
Дејан Рајковски-матурант од скопската гимназија “Ѓорѓи Димитров” и еден од претставниците на Средношколскиот пленум кој беше на средбите во Министерството за образование, вели дека е вчудоневиден од односот на вицепремиерот Владимир Пешевски кој е и креатор на образовните политики во Владата. Средношколецот Рајкоски е разочаран што преговорите и нивната чиста и аргументирана борба се сведуваат на лични посочувања. Ова според него е показател дека надлежните не ја сваќаат нивната сериозност и тежина на одлуките.
“Еве отворено и јавно ве поканувам , пред се како родител, а потоа како вицепремиер да дојдете во кампот на средношколците , да видите колку ни е ”убаво и лесно “. Барем за момент да го осетите средношколскиот дух кој копнее за поквалитетно образование, а потоа јас лично ќе ви го раскажам сето мое животно патешествие, сите мои амбиции, стремежи, стравови, грижи и проблеми. Осетете ми ја болката предизвикана од вашиот некоректен однос, а потоа повторно кажете ми “ знам јас тебе кој те праќа “ , но овој пат сторете го тоа пред сите средношколци”- порачува средношколецот Рајковски.
Според него, четирите последователни средби со надлежните биле неуспешни бидејќи од почетокот првите луѓе во министерството одбиле да ги признаат проблемите со кои се соочуваат средношколците и ги девалвираат реалните потешкотии кои ги сведувале на лично индивидуално ниво.
“Треба да ја сфатите нашата сериозност и тежина , но одбивате да ги признаете, проблемите со кои Ние средношколците се соочуваме ги девалвирате и ги сведувате на лично индивидуално ниво. Згора на тоа тврдите и дека знаете кој ме праќа. Господине Пешевски, ве прашувам каде бевте сите изминати средношколски маршеви кои што за прв пат во историјата се случуваа низ целата држава за да видите кој ме праќа ?! Зарем на нашата подадена рака Вие ќе изгравирате име на нечија политичка партија ?”-прашуваат учениците.
Тие од понеделник продолжуваат со бојкотот на наставата во средните училишта. Деновиве подршка добија од нивните соученици од Охрид, а има најава дека и битолските средношколци ќе се приклучат на бојкотот под шатори.
“Се арчиме за иднината на образованието и немаме намера да застанеме! Визијата за образовен систем базиран на слобода , добрина, правда и љубов е нашиот основен двигател и воедно извор нашата истрајност. Нашата кауза е чиста, нашата цел алтруистичка и добронамерна. Во неа нема апсолутно никаков простор за политички партии !”-вели Дејан Рајковски од Средношколскиот пленум.
На последната средба во Министерството за образование помеѓу надлежните и претставници на Средношколскиот пленум присуствувале и Хелсиншкиот комитет и Првата детска амбасада во светот – Меѓаши кои реагираат на несоодветниот начин на кој биле третирани претставниците на Средношколскиот пленум од страна на високите државни функционери.
Иако средбата трала час и 15 минути, претставниците на Средношколскиот пленум успеале да се изборат за време од 20 минути за образложување на нивните барања, што е доказ за докажување на позицијата на моќ, забележуваат Комитетот и Меѓаши.
“Поставувајќи се од позиција на моќ, министерот и заменик министерот за образование и наука и вице премиерот Владимир Пешевски, се обидоа да го дискредитираат Средношколскиот пленум со поигрувања на поими како „легитимитет“ и „репрезентативност”. Според прашањата и коментарите беше прилично јасно дека власта не знае како да се носи со хоризонтални структури кои користат начини на делување на директна демократија. Беа чести реторичките прашања и коментари како: „Кои сте вие?“ „Не може во име на сите ученици да зборувате.“ „Не може малцинството да донесува одлуки за мнозинството!“ „Немате група, немате репрезент! Кој ви е раководство? Кои ви се членови? Со кого преговараме? Од каде сте вие овластени? Имавте избори?!“ „Треба да се организирате на некој начин на репрезентативност-што ако дојдат други тројца?“ „Имате ли мандат да одлучите сега ?“, „Имате или немате овластување?“ „Прв пат кога се појавивте какви барања имавте?“ „Кој се потпиша од ваша страна? Врз основа на што?“- се вели во нивното соопштение.
Според невладините присутни биле и суптилни заплашувања дека доколку продолжи бојкотот ќе се доведе во прашање можноста на средношколците да земат сведителства. Но ниту овие ниту досегашните притисоци, според Средношколскиот пленум нема да ги поколебаат во одлуките да го продолжат бојкотот на наставата.
“Деца сме кои ги научија игрите на возрасните. Од се срце ви благодариме за искуството. Сега знаеме како НЕ треба” –порачуваат од Пленумот. .
С.Б.

Слично