Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кампањата за парламентарните избори ќе почне 2 дена порано

Кампањата за парламентарните избори ќе почне 2 дена порано
Државната изборна комисија реши еден од проблемите со судирот на роковите меѓу претседателските и парламентарните избори. Кандидатите за пратеници ќе можат да ја почнат изборната кампања два дена порано за да се надоместат двата дена прекин на 12 и 13 април кога ќе трае изборниот молк за првиот круг од претседателските избори. Така, кампањата за парламентарните избори ќе почне на 5-ти, наместо на 7-ми април, со што според ДИК ќе се обезбедат 20 дена изборна кампања за двата изборни циклуса. На можноста парламентарната кампања да загуби два дена заради изборниот молк во претседателската особено реагираа партиите кои немаат претседателски кандидат, а сакаат да учествуваат на парламентарните избори. Согласно Роковникот за изборни дејствија што го усвои ДИК, листите на кандидати за пратеници треба да бидат доставени до највисокото изборно тело до 29 март, а жребувањето треба да се одржи на 3 април. Увидот во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори ќе трае од 16 до 30 март и овој избирачки список ќе биде различен од оној за претседателските избори за кој увидот завршува ноќеска на полноќ. Државјаните на Република Македонија со привремен престој во странство до 31 март ќе можат да поднесат барање за гласање на предвремените парламентарни избори. Дијаспората на предвремените парламентарни избори ќе гласа на 26 април, односно еден порано.
Слично

Поврзани вести