Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМПАЊА: Економијата – главно прашање за претседателските кандидати

КАМПАЊА: Економијата – главно прашање за претседателските кандидати
И на третиот ден од изборната кампања за претстојните претседателски избори, кандидатите во своите претставувања пред граѓаните главно зборуваа за економијата, невработеноста и инвестициите. Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов во Свети Николе најави дека економскиот развој ќе биде приоритет за него доколку добие втор мандат. „Сакаме и помалите градови, помалите населени места бргу да се развиваат. Се враќаат оптимизмот и вербата дека може да се биде успешен не само во Скопје, туку и во Свети Николе. Кој сега сака да дојде во вашиот град, мора да оди преку Куманово или преку Велес. Но, тоа ќе се промени. Кога ќе се заврши патот Миладиновци – Штип, светиниколци ќе можат да патуваат во Скопје за само половина час. И тоа по 28 километри пократок пат, нов автопат“, потенцира Иванов. Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски денеска имаше средби со граѓани во Неготино, Градско и во околните места, на кои им вети дека директно ќе се заложи за решавање на нивните проблеми, ако дојде напретседателската функција. „Ако состојбите останат какви што се, за 4 – 5 години држава можеби ќе имаме, но луѓе во неа нема да имаме. Во последниве 5 години се забележани поголеми иселувања од периодот 1991 – 1996 кога имаше војни во регионот, или 2001-та, кога имаше воен конфликт во Македонија. Денес земјава е на опашката на регионот по сите основи. Живееме на кредит, а страдаме на рати. Не убедуваат дека Македонија е Швајцарија, а земјата е во бунар, задолжени се и сегашни и идни генерации“, рече Пендаровски. Кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски ќе ја претстави својата платформа на митинг на плоштадот во Кичево. Претходно тој и претставници на партијата имаа средба со граѓани во Дебар, во Центар Жупа, во село Броштица, во Македонски Брод и во село Сувидол. Митинг во скопско Студеничани и средби со граѓаните во селата Моране, Количани, Батинци, Цветово и Света Петка одржува ДПА, која ќе го претстави претседателскиот кандидат Илијаз Халими. ДУИ ќе ја претстави својата кампања „Не за едностран претседател“ во Дебар и во Маврово Ростуше.
Слично

Поврзани вести