Кампањата ,,Здравје во свои раце” се одржа и во Охрид
Акцијата ,,Здравје во свои раце” организирана од Здравје Радово, Единствена Македонија и НаТочак, се одржа вчера во центарот на Охрид.
На неа учествуваа луѓе од различни возрасти кои сакаат да спортуваат, да возат велосипеди и да одржуваат здрав начин на живот. Се подаруваа и возеа велосипеди, се спортуваше и ширеа здрави навики.
На настанот се реализира и акцијата Велoдарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства во Охрид.
“Позитивни и среќни лица, убава атмосфера надополнета со ширење на здрави навики, возење велосипеди и конзумирање на јогурт, еден од најздравите пијалоци кој секојдневно треба да го пиеме. Таква е сликата која што вчера можеше да се види во центарот во Охрид, благодарение на успешно реализираната кампања на Здравје Радово ,,Здравје во твои раце”. Среќен сум што допринесовме за дополнителна среќа и измамивме насмевки кај дечињата од социјално загрозените семејства кои добија подарок велосипед.” – изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово.
Оваа иницијатива за прв пат се организираше во Скопје, а ќе продолжи да се шири и низ повеќе градови низ Македонија.
Организаторите велат дека целта им е да им покажат на најмладите дека возењето на велосипед и консумацијата на јогурт се важни навики за нив.


