Кампања „Екос“ – Со енергетската ефикасност компаниите ќе зајакнат
Примената на стандардите за енергетска ефикасност на фирмите може да им донесе голема заштеда во трошоците и да ја зголеми конкурентноста. Токму затоа започнува кампањата „Екос“ за развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство со проект на Министерството за економија и Центарот за енергетска ефикасност МАЦЕФ
Проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ појасни дека се избрани 10-те фирми чии технички лица поминаа на обука за енергетска ефикасност и нивните позитивни искуства ќе ги пренесат на сите заинтересирани правни субјекти
- Целта е од овие компании да се извлече најдоброто и да се претстави на сите други кои би сакале да го користат. Пријавените организации ќе имаат двојна полза, ќе добијат листи со кои ќе можат да ги следат тековите на потрошувачка на енергија, ќе им се направат акциски програми за да можат сами да спроведат мерки со кои ќе се направи заштеда на енергија, ќе им се понуди редослед за користење на стандардот 50001 во управувањето со енергијата и ќе им се укаже каде можат финасиски да вложат за подобрување на енергетската ефикасност, рече Димитров.
Со обука за начините и можностите за идентификација, подготовка и реализација на мерки за енергетска ефикасност Министерството за економија ќе укажува на потенцијалот за штедење енергија во малите и средни претпријатија.
Слично
