Кампањата заврши, во недела – втор круг од локалните избори
Кампањата заврши, почна предизборниот молк. Во недела, во вториот круг од локалните избори ќе се гласа во 29 општини и Градот Скопје на 1.614 избирачки места на кои право на глас имаат 1.103.175 гласачи.
Втор круг ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и Градот Скопје.
Во Струмица ќе има повторување на гласањето од првиот круг на три избирачки места, во Долнени ќе се прегласува на едно место.
Денеска гласаат затворениците, болните и внатрешно раселените лица, а право на глас во вториот круг имаат 988 затвореници и 73 внатрешно раселени лица.
Во Скопје ќе се гласа за градоначалник на Градот, а во вториот круг градоначалник ќе се бира и во пет од вкупно 10 скопски општини.
Слично
