Кампања за Битола: Зелен парк или енергетски ефикасни домови?!
И двајцата кандидати за градоначалник на Битола денеска беа растрчани низ општината во лов на потенцијални гласачи. Едниот најавување проекти за енергетски ефикасни домови, другиот промовираше нов парк за прошетки и рекреација.
Диневски: Субвенции за енергетски ефикасни домови Денеска кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ, Менде Диневски за време на денешната посета на жителите во населбата Карпош го промовираше новиот проект за поголема енергетска ефикасност. Тој посочи дека жителите на зградите од оваа битолска населба се соочуваат со големи трошоци поради лошата изолација на своите објекти. „Зградите имаат лоша градежна изолација, а граѓаните трошат многу повеќе за греење и за ладење. Затоа новата локална самоуправа со посебна програма ќе овозможи субвенции со кои ќе се реконструираат фасадите на колективните станбени згради, но и јавните институции во нашиот град. Со термичка изолација ќе се обезбедат енергетски ефикасносни домови според најсовремени стандарди“, најави Диневски. Талески: Нов зелен парк во Нова Битола Кандидатот за градоначалник на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески денеска посети неколку битолски населби. Тој во Нова Битола го промовираше паркот за прошетки и рекреација кој ќе веќе се прави пред основното училиште „Климент Охридски“ во овој град. „Сакаме да создадеме што поголем број зелени површини во градот.Кога во 2005 година ја преземавме локалната самоуправа, општинското комунално претпријатие „Комуналец“ одржуваше 15-на зелени површини, но со нашата општинска стратегија, денес ЈП „Комуналец“ има и одржува над 120 зелени површини во градот. Во следниот четири годишен мандат ќе ја зголемиме програмата и опфатот со нови зелени површини“, истакна Талески.
Слично
