Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМПАЊА: Партиите се расфрлаат со пари за изборите, а отчет за потрошеното нема?

КАМПАЊА: Партиите се расфрлаат со пари за изборите, а отчет за потрошеното нема?
Партиските сметки во банките се отворени, почна процесот на собирање и на трошење на пари за оваа изборна кампања. Веќе се ситни втората третина од изборната кампања во која дел од невладинот сектор детектираше серија прекршувања поврзани со финасирањето на овие избори. Од граѓанската асоцијација “Мост“ обелоденија дека има застој во префрлување на парите на сметка на Општинските изборни комисии, но и дека одредени општини влегоа во изборен процес со блокирани жиро-сметки.
„Општина Ранковце нема предвидено средства за изборите во рамки на  буџетот за 2013 година, две општини имаат блокирана сметка - Градско и Пласница, а ОИК Свети Николе се' уште нема отворено сметка. Исто така има ОИК кои се' уште немаат добиено средства на жиро-сметките, ОИК со делумно префрлени износи од предвидените, како и една ОИК на којашто предвидените  средства од страна на општината не и се доволни  за спроведување на нејзините активности, тоа е Чашка“, изјави извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.
За разлика од буџетските пари резервирани за финансирање на изборите, партиите преку своите финасиери на овие локални избори смета да потрошат по максимални 5 милиони евра. Според законската регулатива, за  еден глас, партијата може да потроши по 180 денари. Сумирано преку вкупниот број на гласачи,  пресметката покажува дека законскиот лимит за трошење на партиите  изнесува 5 милиони евра. Со оваа сума партиите ќе треба да ги покријат  вкупните трошоци во предизборието:  пропаганден материјал, хонорари за статисти, водители, пејачи, реклами во медиумите, трошоци за превоз, печатен материјал, осветлување, бини. Она што најмногу ќе ги “истенчи“ партиските каси се токму рекламите. Електронските  медиумите со “шарена“ понуда за политичкиот маркетинг -  наплаќаат од 1 до 10-тина евра по секунда за рекламен простор. Пресметката покажува дека само за десетминутно емитување на некој промотивен спот, во само еден медиум, во текот на само еден ден,  по цена најниската цена од 1 евро за секунда – партијата ќе треба да плати 600 евра. Сведено на 20 дневно емитување – ова значи трошок од 12 000 евра, но само за десетминутно емитување во еден електронски медиум. Но, освен за рекламен спот, тука се давачките и за политичките презентации познати како “платена политичка програма“, за кои медиумите бараат и по 500 евра за минута. Дополнително, рекламите  веќе ги преплавија и печатените медиуми каде за закупена страница се бараат и по повеќе од 900 евра. Промотивни реклами има и на интернет-порталите. Освен трошок за реклама и промоција, партиските каси ќе треба да ги финансираат и сите пропратни трошоци поврзани со активностите на терен. Не се штедат пари за финасирање на познати уметници, актери, пејачи кои  се дел од изборните спотови или изборните митинзи. Познати имиња од тетарот, фолк и поп музиката  веќе се дел од изборните каравани. Никој не сака да зборува за хонорарите, но луѓето од естрадата коментираат дека за еднодневен ангажман на некој од китинзите се плаќаат не помалку од 1000 евра. Што е дозволено, а што забрането во изборната кампања? За да ги финасира изборите на легалистички начин, партијата пред се  мора транспарентно да ги обезбеди парите.  48 часа по доставување на кандидатските листи,  партиите што учествуваат на овие локални избори беа обврзани да отворат нова жиро сметка во банка. Строго наменска. Така во Изборниот Законик се посочува дека „Организаторот на изборната кампања е обврзан да отвори жиро-сметка со назнака “за изборна кампања“ на која ќе се депонираат сите пари од правни или физички лица за финасирање на кампањата“. Според правилата што ги предвидува Изборниот закони, граѓаните поединечно можат да донираат по 5 000 евра додека донацијата на фирмата не смее да надмине 5 % од вкупниот приход. По локалните избори – партиите ќе ги чекаат и парите од Буџетот по два основи: - 15 денари за глас - при избран кандидат - 15 денари за глас – кога  кандидатот не е избран, но освоил  најмалку 1,5% од гласовите. Она што е забрането со Закон е финасирањето на изборните кампањи  со дополнителни пари од централниот буџет од оние што се предвидени за изборите. Ниту општините не смеат да ја трошат општинската каса за партиски прмоции. Забрана има и за примање на пари од цркви, џамии и други верски и религиозни заедници, потоа, пари од странски институции и граѓани но и од компании во кои странскиот капитал е доминантен. Токму прашањето за изворите на финасирање на партии во текот на изборен процес остана  “жешка“ тема која по завршување на изборниот круг – отвора контроверзии и дилеми. Иако партиите се обврзани да достават Финасиски извештај на адреса на повеќе институции како  Комисијата за борба против корупцијата, Државната изборна комисија и Државниот ревизор, останува отворено прашањето колку отчетот ја одразува реалната состојба, односно не дава одговор дали партиите потрошиле повеќе од дозволеното. Токму затоа,  укажувањата на експертската јавност не се насочени само кон целосно и неселективно  почитување на  постоечката законска регулатива, туку и кон тоа дека се потребни дополнителни механизми за контрола на вкупните трошења на партиите. Кои општини ќе имаат најскапа кампања? На 24 март – денот за  избор на нови градоначалници и советнички листи, својот глас ќе можат да го дадат 1 743 403 граѓани. Изборната битка се води за вкупно 80 општини и градот Скопје. Судејќи според бројот на гласачи, таргет за освојување на локалната власто освен метрополата, ќе бидат, од западот, градовите Охрид, Кичево, Тетово. На исток според бројноста на населението, тоа ќе бидат гадовите Штип, Пробиштип, Кочани.  Клучни градови што ќе ја дефинираат моќта на партиите остануваат Битола, Прилеп, Куманово и Велес. Анализирано според бројот на гласачи, по Скопје, каде за избор на  градоначалник и советничкиот тим ќе може да гласаат 443 770 гласачи,  следувааат овие општини: Во Скопје, водечка општина според масовноста е Аеродром. Еве како изгледа рангирањето на скопските општини според бројот на гласачи: Токму во побројните градови  и општини, кои треба да бидат репрезенти за политичката моќ и влијание,  се најавени и ќе одржуваат изборни митинзи на кои ќе мора да се обезбеди масовност, не само преку локалното население, туку и со партиско членство од другите градови. Во исто време, составен декор на овие поголеми митинзи се и пејачите, водителите, пропаганден декор, знамиња, транспортот – што на крајот, како трошок, ќе се прокнижи на партиска сметка. Д.А.
Слично

Поврзани вести