Камп и шатори и пред собранието
„Чуварите на демократијата“, како што се нарекоа себеси синоќа останаа пред собранието. Имено веднаш штом заврши големиот протест на ВМРО ДПМНЕ, една група граѓани организираше поставување шатори, слично како што се поставија шаторите пред Владата.
По завршувањето на големиот собир за силна Македонија кој го организира ВМРО-ДПМНЕ, поголема група на граѓани во текот на целата вечер и веројатно и во следните денови остануваат пред Собрание. Тие се нарекоа себеси „Чуварите на демократијата и на изборната волја“.
-Припадници сме на невладините организации кои даваат поддршка на овој народен собир, вели еден од организаторите.
Тој додава дека покрај тоа што ќе останат да ја бранат демократијата во текот на оваа вечер, веројатно е да продолжат со своето присуство пред највисокиот дом на граѓаните и во следните денови.
Според информациите кои на организаторот се планира целовремено присуство на најмалку 500-600 лица.
Слично
