Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камиони ќе се увезуваат до 1 јуни

Камиони ќе се увезуваат до 1 јуни
До 1 јуни 2013 е продолжен рокот за увоз на товарни возила кои ги исполнуваат ЕУРО 3 стандардите, одлучи Владата на последната седница.

Одлуката, како што информираше денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, е донесена на барање на бизнис заедницата и претставува поддршка за транспортниот сектор.

- Ова значи можност за регистрација на ваквиот вид возила кои се внесени во државата и во меѓупросторот од овие две-три недели, како и регистрацијана ваквиот вид возила кои се уште ги немаат завршено процедурите, појасни Ѓорѓиев.

На овој начин, додаде тој, директно ќе се олесни работењето на фирмите кои товарните возила ги користат за превоз на стоки, но претставува и поддршка за градежните компании кои користат ваков вид возила.

Слично

Поврзани вести