Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камионџијата што го усмрти девојчето во Скопје оди во домашен притвор

Камионџијата што го усмрти девојчето во Скопје оди во домашен притвор

Приведен е камионџијата кој вчеравечер прегази и усмрти 11 годишно девојче во населбата Влае во Скопје.

Возачот е приведен во полициската станица во Ѓорче Петров и ќе биде изведен пред надлежен суд.

Надлежниот јавен обвинител против шоферот на камионот поднесе предлог за определување на мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Трагичната несреќа се случи вчеравечер на раскрсницата од улиците „В.В. Чакаларов“, „Ангел Динев“ и „Исаија Мажовски“.

Девојчето почина на самото место.

Слично

Поврзани вести