Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камионџијата кој усмрти девојче во Хром оди во затвор

Камионџијата кој усмрти девојче во Хром оди во затвор
. „Најголем неуспех во животот ми е што не успеав да ѝ помогнам на Матеа. Тоа ангелче не смееше да замине и јас до гроба ќе носам црнина.” – изјави возачот на камион кој прегази 11-годишно двојче во скопската населба Хром, откако му беше изречена пресудата. Основниот суд Скопје 1 му изрече една година затвор и една година забрана за управување со моторно возило. Кривичниот суд на обвинетиот Варсаќевски му ја определи минималната казна предвидена за ова дело. Судот оценил дека на крстосницата на која се случила сообраќајката и девојчето и возачот на камионот минувале на зелено светло, а поради мртвиот агол кој се создал затоа што се работи за шлепер, возачот не можел да го забележи девојчето. Возачот на камионот низ солзи побара прошка од семејството и рече дека да може би го заменил местото на девојчето само таа да е жива и побара да го посети нејзиниот гроб.
Слично

Поврзани вести