Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМИОНЏИИ ВНИМАВАЈТЕ: Глоба од 1000 евра во Грција ако не возите по автопат

КАМИОНЏИИ ВНИМАВАЈТЕ: Глоба од 1000 евра во Грција ако не возите по автопат

Од денеска во Грција се наметнува казна од 1 000 евра на секој возач на камион, кој не се движи по автопатот. Ако износот не се плати веднаш, камионите ќе бидат запрени од движење се до плаќање на глобата во најблиската банкарска канцеларија.

До сериозните финансиски санкции дојде, бидејќи правилникот за движење на тешки товарни возила само на автопатот не се почитува. Возачите често користат второстепена патна мрежа, за да не плаќаат патарина.

Резултатот е тешко одвивање на сообраќајот на лесните автомобили и ризик за сообраќајни несреќи.

Дозвола за користење на споредните патишта имаат само камиони со посебна намена и оние кои ги снабдуваат населените места до кои пристапот е само по патишта надвор од автопатите.

Министерството за транспорт во Атина пред еден месец го забрани движењето на камиони надвор од автопатите, со образложение дека нема средства да ги одржува споредните патишта, кои се рушат од тешките камиони.

Од денес сообраќајната полиција во Грција применува строг правилник и казнува камиони на патиштата надвор од автопатот покрај протестите на транспортните компании.

Слично

Поврзани вести