Камерон: Постои можност за договор за повеќегодишен буџет на ЕУ
Премиерот на Британија Дејвид Камерон изјави дека верува дека е можен договор за повеќегодишен буџет на ЕУ, потенцирајќи дека гледа силна поддршка на други земји на ЕУ на неговото барање за буџетско штедење од повеќе милијарди евра. Преговорите за 7 годишен буџет пропаднаа минатиот месец, поради барањето во врска со штедењето, кое го изнесоа Британија и други земји, кои сметаат дека мерките за штедење кои ги спроведуваат некои членки треба да се ратификуваат и на буџетот на 27 члената ЕУ.
- Мислам дека договорот е остварлив. Мислам дека е интересно, дека во текот на последните преговори, дојде до многу силен и стабилен сојуз меѓу Британија, Холандија и Германија - рече Камерон на новинарите во Лондон.
Слично
