Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМЕРИ ГО СНИМИЛЕ ИСЧЕЗНАТИОТ СПЛИЌАНЕЦ: Се симнал по скалите кон сплав

КАМЕРИ ГО СНИМИЛЕ ИСЧЕЗНАТИОТ СПЛИЌАНЕЦ: Се симнал по скалите кон сплав

Надзорните камери пред клубот „Готик“ во Бетонската сала го снимиле исчезнатиот млад човек од Сплит, Матеј Периш (27), неофицијално е потврдено за „Блиц“.

Како што се дознава, тој бил снимен од камери како се движи кон скалите кои се спуштаат кон едниот сплав.

Снимката е неквалитетна, бидејќи таа вечер имало магла.

Да потсетиме, ноќта меѓу четврток и петок, односно на 31 декември околу 2.30 часот на младиот сплиќанец му се губи секоја трага. Со пријателите дошол во Белград на новогодишната ноќ, а последен пат се слушнал со татко му Ненад Периш, како што рекол во шокантната исповед, на 30 декември во 17 часот.

Потрагата по Матеј се уште трае, а од утрово полицијата го пребарува целиот потег околу клубот. Полицијата ја пребарува и реката со чамци.

Пријателите на Матеј, како и менаџерот на клубот потврдија дека таа вечер немало никакви инциденти во клубот.


Слично

Поврзани вести