Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каменос тврди дека Ципрас го опоменал Заев дека го крши Договорот

Каменос тврди дека Ципрас го опоменал Заев дека го крши Договорот

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос ја обвини Македонија дека го прекршувала Договорот и коментираше дека грчката страна ќе треба да види дали и колку  важи Договорот и сега, но и подоцна доколку помине на референдумот и се завршат уставните промени. 

Тој ќе се потруди договорот да не стигне во парламентот. 

„Имаме прекршување на Договорот од страна на Скопје. Господинот Заев веќе го прекршува Договорот. Го прекршува Договорот кажувајќи работи кои не постојат во овој договор“ - вели Каменос. 

Тој рече дека токму за ова Ципрас телефонски, минатата седмица разговарал со Заев.

Коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, во интервјуто за ТВ Антена, уште еднаш го повтори она што го кажа и на прес-конференцијата во Солун минатата седмица дека на американските сенатори со кои се сретнал им објаснил дека Македонија била дел од планот на Тито и на Југолсавија за излез на море и додал дека во регионот „била пролеана крв”.

Слично

Поврзани вести