Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каменос прифаќа Вардарска Македонија

Каменос прифаќа Вардарска Македонија

Претседателот на Независни Грци, Панос Каменос како прифатливо решение за спорот за името го предложи Вардарска, кое го изговори исто како што се изговара на македонско и го спомена без никаква придавка или додавка.

„Да, посакуваме решение. Ќе направиме сѐ за да ги убедиме. Но, постојат и словенски термини што може да ги користат и што ги прифаќаме, како што е Вардарска. И кое што во суштина е географска одредница што ја имаа пред да започнат историските пресврти“- рече Каменос. 

Каменсос порача дека „северните соседи треба да разберат дека нивната единствена надеж и единствено решение е да прифатат решение што нема да ја повредува Грција“.

Тој неколку пати повторно дека Македонија е една и грчка. Каменос е министер за одбрана во грчката Влада, а неговата партија е коалициски партнер во грчката Влада.

Слично

Поврзани вести