Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каменос контра сопствената Влада - Протестот беше душата на грците

Каменос контра сопствената Влада - Протестот беше душата на грците

Панос Каменос, коалицискиот партнер во грчката Влада со партијата Независни грци не се согласува со ставот на премиерот Ципрас дека протестот во Атина бил неуспешен затоа што ги немало најавените милиони демонстранти.

Грчкиот министер за одбрана Каменос, кој од првиот момент го поддржа протестот, има поинаков став, на Твитер искоментира дека „собирот бил душата на Грците“.

„Единството на Грците не може да го оцрнат радикални гласови. Протестот беше душата на грците, независно од партиите и никој не може да не го почитува“, напиша Каменос на социјалните мрежи.

Во Грција има различни оценки за бројот на присутни демонстранти вчера во Атина, според полицијата имало околу 130 илјади, според извештаи од терен околу 300 илјади луѓе, додека пак организаторите од националистичките движења тврдат дека имало 2 милиони грци на улиците против употреба на терминот Македонија.

Слично

Поврзани вести