КАМЕЊА И ПП АПАРАТИ ВРЗ СЕДИШТЕТО НА ПАРТИЈАТА: Немири во Албанија, војна на опозицискиот блок
Продолжи синоќа нетрпеливост аво Албанија но на социјалните мрежи откако полицијата ги растера приврзаниците на поранешниот албански премиер и лидер на Демократската партија, Сали Бериша, кои во текот на денот се обидоа да ги окупираат просториите на оваа партија.
Претседателот на Демократската партија во Албанија, Љуљзим Баша, изјави дека Сали Бериша денеска имал последен политички ден, како и дека тие што го напаѓаат седиштето на Демократската партија не се демонстранти туку насилници.
Тој го обвини албанскиот премиер Еди Рама дека „многу инвестирал во Бериша“, наведувајќи дека денешните инциденти покажале дека тие соработуваат, пренесува Репортерс. Тој рече дека полицијата доцна реагирала и дека требало да го спречи упадот на демонстрантите во просториите на партијата и конфликтите што ги предизвикал овој чин.
Претходно слични тврдења имаше и Сали Бериша, велејќи дека Љуљзим Баша Рамин е „заложник и дека се обединиле за да ја поразат вистинската опозиција во земјата“.
На овие тврдења не премолчи ниту албанскиот премиер.
„Кога ќе ги видам овие два политички трупа како играат среде Тирана и се обвинуваат меѓусебно дека се мои слуги, сакам да им дадам искрена порака на демократите: дајте ѝ го на Албанија тоа што можеме, обединети како Албанци, како граѓани, како луѓе! напиша Рама на Твитер..
На прес-конференцијата Љлим Баша изјави дека денешните настани го покажале вистинското лице на Сали Бериша и дека тој се бори само за себе.
Битката на Сали Бериша не е за никого освен за него и во оваа битка тој не поштеди никого“, рече Баша.
При насилниот упад на приврзаниците на Бериша во просториите на партијата и физичката пресметка меѓу поддржувачите на двете струи, неколку лица беа повредени и приведени. Попладнето полицијата ги растера демонстрантите со солзавец и водени топови.
Поради сето горенаведено, Баша смета дека Бериша денеска го имал „последниот политички ден во Албанија“.
Според него, ова е можност демократите еднаш засекогаш да се оттргнат од „црното наследство“ на Бериша.
Тој додаде дека Бериша и Рама се како две сијамски близнаци, додека едниот манипулира со изборите, другиот се обидува да ја искористи ДС за своја одбрана.
ЕПА