Камчев: Во бизнисот успеав сам, ВМРО ДПМНЕ ништо ми нема дадено!
„Немам земено ништо од ВМРО ДПМНЕ“. Ова во емисијата патот до успехот на 24 вести го изјави еден од најкрупните бизнисмени на денешницата Орце Камчев.
Камчев вели дека сите компании што се во негова сопственост ги направил со парите од продажбата на Систина. Акциите во компаниите ги купувал на берза.
„Тие работат успешно, и пред мене е предизвик тие понатаму да се развиваат. Се што како профит ќе дојде, го реинвестирам“, вели Камчев.
Камчев на 24 вести зборува и за другарството со првиот човек на УБК, Сашо Мијалков.
„Со Мијалков сме другари 20 години, уште пред да биде на функцијата која што е сега“ – вели во најновото издание на „Патот до успехот“ бизнисменот Јордан Камчев.
Камчев вели и дека не е член на било која партија, и дека нема намера да стане, иако не негира дека во минатото бил активно вклучен во работата на СДСМ
Слично
