Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камчев: Генерали носи нови квалитети во КД Фондови

Камчев: Генерали носи нови квалитети во КД Фондови

Тешко исплатливо е вложувањето во акции на странски пазари ако сумат која се инвестира е под десетици илјади евра, вели Лазе Камчев, извршен директор на КД Фондови. Македонија влезе во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација со што сега е дозволено граѓаните да купуваат имот и акции во странство. Сепак Камчев вели дека на странските пазари и трошоците се многу повисоки од овде, додека инвестирањето во акции надвор преку инвестициски фондови е со помали износи и поевтино. Според него, во следниот период секако најголем раст на глобално ниво ќе има ИТ секторот. Од недодамна КД Фондови стана дел од Меѓународната Групација Генерали. Камчев вели дека ова ќе донесе нови квалитети за фондот?

Камчев тече првиот квартал од оваа година, а претходната иако не беше значајно турбулентна за светските пазари, сепак, доста влијеа одлуките на Трамп и Кина, протекционизмот. Што од тоа ќе се рефлектира и годинава, кои се вашите очекувања за пазарот?



Камчев: Во моментот траат преговорите на администрациите на двете земји и она што беше најавувано како дополнителни тарифи, се ставени под мораториум кој истекува во месец март.Во моментот провејува оптимизам дека некоја форма на договор сепак ќе биде постигнат бидејќи во трговските војни најчесто нема победник. Повеќе е моментот кој ќе изгуби помалку, во однос на другиот.






Генерално, компаниите имаа солидни резултати, а 2018 беше година во која здравствените компании бележеа одлични резултати. Кои сектори ќе се стабилни и растечки и годинава, вие како очекувате да се позиционираат силите?

Камчев: Сектор здравство константно е стабилен но не се очекува некој посебен раст. Сепак најважен сектор е ITсекторот каде што и очекувањата за раст се нај големи, но евалуациите се високи па е потребна внимателност. Прашање е што со финансискиот сектор, имаат ниски цени но доста се зависни од централните банки и референтните каматни стапки. Во делот на финансии особено е интересен “Fintech” делот. Ако нема трговска војна секторот индустрија исто ќе биде во фокусот. Доколку на пазарите во развој има коректен раст тогаш и секторот метали и енергија ќе бидат интересни, особено енергијата бидејќи е ефтина.

Глобалните трговски војни влијаеа и на односот на еврото и доларот, ама позначајни поместувања сепак немаше. Одамна се најавува промена во корист на американскиот долар. Сепак има ли сила оваа валута? Од друга страна како стои еврото?

Камчев: Во однос евро долар не гледам што посебно. Не ерувам во однос 1:1 ниту 1:1,3. Мислам дека односот ќе се движи помеѓу 1,1 и 1,2.

ЕЦБ посочи во јануари дека има ризици за растот, а ФЕД објави дека го запира циклусот на зголемување на каматните стапки и нагласи дека во следниот период ќе има попретпазлив пристап во однос на повлекувањето на ликвидноста. Како овие одлуки ќе влијаат? Како ќе се движат каматите, кој ќе биде ефектот за растот?

Камчев: Во Европа во моментот се доста мали шансите за раст на реферeнтната каматна стапка. Се зависи од БРЕГЗИТ и евентуални рецесии во ЕУ. Доколку има договор околу излезот на Велика Британија од европската унија и нема рецесија, може да се очeкува раст на каматните стапки. Она што е се по извесно е нов “TLTRO”.

Македонија влезе во втора фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација што значи дека граѓаните ќе можат да купуваат акции и имот во странство. Што мислите како ова ќе се рефлектира на домашниот пазар и што значи за граѓаните, ќе има ли интерес?

Камчев: За купување на имот во странство не можам да коментирам. За купување на акции сакам да потенцирам дека тоа е тешко исплатливо за износи помали од десетици илјади евра. На глобалните пазари имате трошоци за брокерски услуги, трошоци за трансакциите кои се надвор од брокерските и трошоци за чување на хартиите кои се плаќаат месечно без разлика дали со хартиите се прават трансакции или не. Сите овие износи во апсолутен износ зафаќаат добар дел вложениот износ доколку е тој помал.

Од друга страна тука се акциските фондови како професионална форма кои ние ги управуваме. Тие имаат релативно ниски трошоци за вложување а имаме и продукти кои се без влезно/излезни провизии. Најбитно од се, иницијалниот износ за инвестирање може да е значително помал.

КД Фондови стана дел од Меѓународната Групација Генерали. Што ќе значи ова, каква е оваа групација?

Камчев: Generali само по себе значи многу во финансискиот свет. Тоа е компанија која има 188 години искуство, компанија која е во топ 10 најголеми светски осигурителни компании и 59 најголема светска компанија по приходи по Fortune Global 500 за 2018 година. Во делот на управување со средства во CEE регионот има 16.8 милјарди евра на упавување и покрива регион од 11 земји. Врши услуги на управување со средства за осигурителни и ре-осигурителни компании, пензиски фондови, банки, финансиски институции. Во регионот со осигурителниот бизнис во моментот не е присутен само во Македонија, Албанија и Косово.


Александра Томиќ


Слично

Поврзани вести