Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камбовски со повик до Вељаноски: Место на одмор, свикај итна седница за поплавите

Камбовски со повик до Вељаноски: Место на одмор, свикај итна седница за поплавите

Академик Владо Камбовски го повика спикерот на Собранието Трајко Вељаноски итно да свика седница по катастрофалната поплава во Скопје и скопските населби и села со 22 жртви. Тој предлага на собраниската седница за поплавите да се донесе закон за забрана на сите нестопански инвестиции, освен оние кои се од важност за безбедноста на државата, и нивно пренасочување за потребите на илјадниците граѓани кои претрпеа стравотна материјална штета, изгубија најблиски, ги изгубија домовите, пренесе порталот сакамдакажам.мк

„Каде е реакцијата на Собранието, 22 граѓани загинаа во катаклизмата со поплавите, а претседателот Трајко Вељаноски и пратениците не свикаа седница. Вељаноски итно, треба сам да свика вонредна собраниска седница на која ќе се побара извештај од Владата што прави со денови, зошто е збркана, како се справува со последиците од поплавите, зошто луѓето од поплавените подрачја се оставени сами на себе“, вели Камбовски во изјава за погореспоменатиот медиум.

Тој вели дека сега е моментот  Собранието да смогне сили да стави крај на нерационалните трошења на Владата. „Седница мора да има. Ова не е појава која се случила еднаш во илјада години. Ако се случила еднаш, ќе се случи пак“, вели академикот.

Деновиве на поплавените места, освен ретки исклучоци, пратениците воопшто ги немаше на терен. Вељаноски досега не се појави ниеднаш.

Слично

Поврзани вести