Камбаните во Сплит секој час ѕвонат за Матеј
Ѕвоната на катедралите во хрватскиот град Сплит ѕвонат на секој час, а свештениците ги повикуваат верниците да се молат за Матеј Периш кој исчезна во Белград.
Соседите на семејството Периш за „Курир“ велат дека секојдневно се среќавале со Матеј и со неговиот татко, а за момчето имаат само убави зборови – велат дека тој е една позитивна и чесна личност.
„Последен пат го видов за Божиќ во црква. Што се може, човек се надева, секогаш постои надеж, но еве, поминаа веќе седум дена и тогаш сите надежи паѓаат во вода. Тој живееше со мајка му, а тука живее неговиот татко. Толку време помина, а да не се јави. Моите синови одеа со Матеј во гимназија и велат дека бил прекрасно момче. Што се случило, само Бог знае“, вели една од сосетките на Периш.
Периш исчезна во ноќта меѓу 30 и 31 декември, кога излегол од ноќен клуб каде бил заедно со друштвото и заминал во непознат правец. Во јавноста се појавија многу снимки, но тие досега не помогнаа да се открие што се случило со младото момче.
