Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАМ“ влегува на бугарскиот пазар-отвора маркети!

„КАМ“ влегува на бугарскиот пазар-отвора маркети!

До средината на годината "Кам маркет" ќе влезе на бугарскиот пазар.

Компанијата ќе ја отвори својата прва продавница во Бугарија во јуни, пренесуваат бугарските медиуми.

Според информациите во медиумите синџирот планира да отвори меѓу 30 и 70 трговски објекти во главниот град, а потоа да застане и на пазарот во Пловдив.

Фирмата нуди над 500 артикли, пишуваат бурските сајтови.

Покрај стока на познати производители, нудат и производи од сопствен бренд - "Private Label", од сопствени добавувачи.

За 2015 година прометот на продавниците е околу 88 милиони евра.

Ова го одредува нејзиниот 4% удел од целиот пазар на мало во Македонија, 6% од трговијата на мало со храна и 17,3% од модерната трговија во земјата, каде што нејзините главни конкуренти се Tinex и Vero.

"Кам маркет" е единствениот трговски канал во Македонија, кој има 5% раст во 2015 во однос на 2014 година а синџирот се декларира  како "Македонската Алди", се наведува уште во објавите во бугарските медиуми.

Слично

Поврзани вести