Калиников: Задолжницата треба да важи и за државата!
Претседателот на Сојузот на стопанските комори Златко Калиников смета дека и државата треба да биде вклучена во проектот задолжница. Тој денеска изјави дека ова може да се случи откако државата ќе го расчисти својот долг кон компаниите, од февруари следната година.
- Ние како компанија сме ја употребиле неколку пати, но задолжницата се уште е оставена на добрата волја на компаниите и на бизнис секторот. Се надевам дека ќе профункционира со уште поголема фреквенција меѓу компаниите , а очекувам во втората фаза и за државата да се издава задолжница. Кога државата ќе ги исчисти своите долгови кон фирмите, како што најави до февруари следната година, може и таа да биде вклучена во овој процес, односно задолжница да се издава и за обврските што таа ги има кон фирмите, изјави Калиников.
Слично
