Економија, финансии, бизнис

Контакт

Калајџиев казнет со 50 евра за фрлање боја на протест

Калајџиев казнет со 50 евра за фрлање боја на протест

Општо-корисна работа или 50 евра е казната за прeтседателот на Хелсиншкиот комитет на Македонија и професор на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев затоа што фрлал боја на протест.

Тој добил прекршочна пријава за фрлање со боја, со што биле нарушени одредбите од Законот за чистота. Во 9 часот утрово професорот бил повикан на информативен разговор во полициската станица во центарот на Скопје за учество на протести.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков изјави дека легитимно е правото да се протестира и искаже револт, меѓутоа неприфатливо е секое вандалско однесување и нарушување на јавниот ред и мир и тоа ќе биде санкционирано.

Слично

Поврзани вести