Какво време ни носи денешниот последен дел од викендот?
Првата недела од оваа 2015 година ни носи нов пад на температурите и повремени врнежи.
Релативно слаби врнежи се очекуваат во северниот и западниот дел.
Врнежите на повисоките места ќе бидат од снег, а низ дел од котлините тие ќе започнат со врнежи од дожд кои потоа ќе преминат во врнежи од слаб снег. Можна е нова, но мала снежна покривка на повисоките места, информираат од МЕТЕОПРО.
Наутро ќе дува умерен западен ветер во западниот крај. Подоцна претпладне низ земјава ќе имаме поветровити услови, со умерен, а на повисоките места засилен северен ветер.
Минималната температура ќе има вредност околу -3° низ котлините,a на повисоките места таа ќе се спушти до околу -4°С. Минимална околу 0°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај. Максималната температура ќе има позитивна вредност. Истата ќе има вредност околу 3°С низ поголем дел од котлините На југоисток максималната ќе достигне до 7°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу 3°С.
Во главниот град се очекува преоменливо време. Околу пладне се очекува поголемо наоблачување кое ќе донесе нови врнежи кои би требало да започнат со врнежи од дожд, а потоа ќе преминат во врнежи од снег. Сепак станува збор за релативно слаби врнежи.
Минималната температура ќе има вредност околу -4°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност само околу 3°С.
