Какво време нè очекува викендов?
За време на викендов времето ќе биде облачно со врнежи од дожд.
Во Македонија претпладнево ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во текот на денот ќе има делумно намалување на облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 21 до 27 степени.
За утре од УХМР најавуваат променливо облачно време, попладне на места нестабилно со пороен дожд и локална појава на грмежи.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа навранал во Претор 34 литри, а најмалку во Скопје – еден литар на метар кавдратен, соопшти УХМР.
Во Маврово наврнале 24 литри, во Крушево и Лазарополе по 17, Битола 14, Охрид 11, а во другите места помали количини на дожд.
