Какво време не очекува утре?
Вечерва, нашето подрачје ќе биде под циклонско влијание кое локално низ земјава ќе донесе пообилен дожд, пред се во југоисточниите краишта каде локално се очекува да наврнат и до 40 литри дожд на метар квадратен. Најинтензивни врнежите ќе бидат пред зори, а локално ќе има појава на грмежи, информираат од МЕТЕОПРО.
Во текот на денот дождот ќе биде со променлив интензитет.
Заради сеуште високата температура на воздухот, врнежи од снег се очекуваат само на планините. Особено треба да се внимава доколку патувате преку планинските превои во земјава.
Слично
