Какво време не чека денеска?
Во последната сабота оваа година ќе имаме студено време.
Врнежи од снег сеуште ќе има наутро во планинскиот дел од западот, но и во Осоговијата и Малешевијата. Потоа облачноста постепено ќе се намалува. Вечерта ќе биде студена и претежно ведра. Ќе дува умерен ветер од север претпладне, а потоа ветерот полека ќе стишува. Во текот на ноќта ветерот полека ќе го менува превецот во јужен, информира МЕТЕОПРО.
Минималната температура ќе има вредност околу -2° низ котлините,a на повисоките места таа ќе се спушти до околу -5°С.Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 2°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток само до 4°С. На повиските места максималната температура ќе има вредност околу -2°С.
Во Скопје и околината рано наутро ќе има слаби врнежи. Потоа облачноста ќе се намалува. Претпладне ќе биде малку ветровито. Вечерта ќе биде студена. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност само околу 2°С.
(Извор:МЕТЕОПРО)
