Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВО ВРЕМЕ ДОЈДЕ: Работниците добиваат дури и награди ако донесат нов вработен во фирмата, еве кои се условите

КАКВО ВРЕМЕ ДОЈДЕ: Работниците добиваат дури и награди ако донесат нов вработен во фирмата, еве кои се условите

Одамна е познато дек е голем проблем да се најде работна сила во земјава. Оваа ситуација е спротивна од порано, кога беше незамисливо да се нјде работно место. Но, сега времињата се менуваат.

Огромна потреба од работници изгледа имаат текстилните фабрики во земјава. Тоа го покажува и една објава на фејсбук, односно соопштение, кое е објавено од две текстилни фабрики од Свети Николе, АД Мода и АД Камотекст, кои на своите вработени им ветуваат „бонус“ за секој нововработен што ќе го доведат да работи во тие компании. 

Во тие соопштенија се ветува дека оној што ќе донесе нов вработен, и ако таа операција се покаже како успешна, на постојниот вработен ќе му се исплатат 5.000 денари нето, но во оној момент кога нововработениот ќе успее да ја постигне нормата.

Секое ново вработување мора да биде одобрено и од менаџментот. 

Еден од коментарите на фејсбук за ова соопштение беше следен.
„Од "ако не ти чини, оди си", "има кој да работи", "биди среќен што уопште имаш работа" и сличните онанирања на "големите газди", стигнавме до ова. "Живот пише романе." - Бугер у Среќна Нова '49та. И онака ја живееме“, гласи еден од коментарите.

Слично

Поврзани вести