Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви се очекувањата за преработувачката индустрија?

Какви се очекувањата за преработувачката индустрија?

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2017 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2016 година е зголемен за 4.0 процентни поени. 

Ова денеска е објавено во соопштение на Државниот завод за статистика. 

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2017, во однос на декември 2016 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на претходниот месец. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2017 година е речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец, а многу поповолна во однос на јануари 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2017 година изнесува 65.5% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.0%, недоволната домашна побарувачка со 20.6% и недостигот на квалификувана работна сила 17.5%.

Слично

Поврзани вести