Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви се деловните тенденции во градежништвото?

Какви се деловните тенденции во градежништвото?

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на претходното  тримесечје, а за 2.2 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година. 

Овие податоци се наведени во соопштение објавено од Државниот завод за статистика. 

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на  вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното  тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2015 година. Оценката за сегашната состојба  со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е понеповолна, а оценката за финансиската состојба е  поповолна во споредба со претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на  механизацијата и опремата во третото тримесечје од 2016 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 21.0%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 18.6%, конкуренција во сопствениот сектор со 14.7% и нема побарувачка со 11.1%.


Слично

Поврзани вести