Какви производи се продаваат во Источна Европа во однос на Германија?
Бројни истражувања покажуваат дека производите во Источна Европа се со понизок квалитет.
Спакувана храна се продава во Германија и Чешка, на пример, на изглед се исти производите, но нивната содржина се разликува - производот во Чешка често е со послаб квалитет.
Научниците од Технолошкиот универзитет во Прага ги истражувале во 2015 година состојките во популарен газиран пијалок кој се продава во супермаркетите во Чешка и Германија. Во шише од литар купено од германски маркет, е утврдено дека шеќерот е единствениот употребен засладувач.
Во содржината на истиот пијалок повторно во шише од 1 литар, но од чешки маркет, засладувачи се фруктоза, гликозен сируп, аспартам и ацесулфам. Цената на пијалокот, купен во Чешка, е малку повисока од онаа во германскиот супермаркет.
Земји-членки на ЕУ од Источна Европа бараат да се воведат унифицирани стандарди.
За квалитетот на прехранбените производи, Словачка и Чешка со „тивката поддршка" на Бугарија, Хрватска и Естонија сакаат да се стави крај на оваа пракса.
