Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви предлози ќе извади од ракав германскиот пратеник Хајндл?

Какви предлози ќе извади од ракав германскиот пратеник Хајндл?

По втор пат во дводневна мисија на земјава денеска треба да дојде германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл.

Според најавите предвидено е освен со претавниците на партиите, германската булдожер дипломатија да оствари средби и со шефот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Доаѓањето на германецот инаку се надоврзува со неговата посета од претходниот пат кога ги сослуша лидерите на партиите и заедно во координирана акција со ЕУ и САД денеска од ракав треба да извади конкретни предлози за решавањето на политичката криза.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/05/19/se-krchka-li-tehnichka-vlada/" target="blank" ] Се крчка ли техничка Влада?[/button]

Првите барања кои Јоханес ги побара од лидерите беа повлекување на аболицијата од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, реформи во медиумите и прочистување на Избирачкиот список.

Во заедничко соопштенија и ЕУ и САД вчера ја поздравија долуката за повторно заседавање на Собранието и повлекувањето на датумот за избори на пет јуни, но сепак со остри критики тие побараа итно поништување на аболицијата .

Одлуката на Уставниот суд го отвора патот повторно да се состане Парламентот и да ги откаже изборите на 5 јуни, се вели во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини и на еврокомесарот, Јоханес Хан. Тие сметаат дека ова е нова можност за земјата да одговори на бројните прашања во срцето на пролонгираната политичка криза.

Слично

Поврзани вести